Top Sport

Хохлов го тужи Фејсбук – го блокирале бидејќи презимето ги навредува Украинците?

Поранешниот руски репрезентативец Дмитриј Хохлов го тужи гигантот Фејсбук, обвинувајќи го дека му нанел „морална навреда“ откако неговото име го протолкувале како навредливо име за Украинците.

Russian ex-international football star SUES Facebook after company ‘BLOCKS his surname because it insults Ukrainians’

45-годишниот Хохлов во јули ја поднел тужбата против компанијата на Марк Закерберг во судот во Москва, и според руските медиуми овој месец ќе има сослушување. Хохлов тврди дека Фејсбук и Инстаграм го блокираат неговото име поради сличноста со зборот „хохол“, навредлив израз за Украинците.

Зборот „хохол“ е инаку име за традиционалната фризура на украинските Козаци, но дел од Русите го користат како погрден збор за Украинцето.

„Моето име е блокирано. Ниту јас, моите пријатели и познаници не можеме да го користиме Фејсбук и Инстаграм нормално. Дури кога ќе го напишат моето име ги блокираат“, вели Хохлов, кој сега е тренер на рускиот премиерлигаш Ротор Волгоград.

Холхлов имаше 53 настапи за репрезентацијата за Русија, а во својата кариера играше во ЦСКА Москва, Динамо Москва, Локомотив Москва, ПСВ Ајндховен и Реал Сосиедад.

Scroll to Top