Top Sport

Пандев ја осигура победата на Џенова, фаворитите без мака во Италија (видео)

Македонскиот капитен Горан Пандев го постигна својот втор гол во новата сезона во Серија А, за да помогне Џенова да стигне до 2:0 победа над Киево, додека фаворитите за титулата, Јувентус, Наполи и Рома стигнаа до сигурни победи.

Пандев го постигна вториот гол на „Луиџи Ферарис“, откако прво Пјатек ги донесе Грифоне во водство во финишот на првото полувреме. Во манир на голем стрелец, Пандев доби топка на работ на шестнаесетникот и упати убав удар за осигурување на победата на Џенова, трета во пет кола оваа сезона.

Јувентус, пак, дома ја осигура победата против Болоња во стартот на мечот, со головите на Дибала (11. минута) и Матуиди (16. минута), додека Наполи со 3:0 беше подобар од Парма благодарение на двата гола на Милик. Рома, на „Олимпико“ со 4:0 го победи аутсајдерот Фросиноне.

СЕРИЈА А, 6.КОЛО

Рома – Фросиноне 4:0

Аталанта – Торино 0:0

Каљари – Сампдорија 0:0

Џенова – Киево 2:0

Јувентус – Болоња 2:0

Наполи – Парма 3:0

Фото: ЕПА


Scroll to Top