Top Sport

Пандев ќе игра уште една сезона?

Ќе замине во пензија или ќе одигра уште една сезона? Оваа дилема македонската легенда Горасн Пандев ќе мора да ја реши во наредниот период.

Пандев, од јануари, го носи дресот на Парма. Настапи на 11 натпревари за клубот од „Енио Тардини“, постигна еден гол и забележа една асистенција.

Последниот натпревар во сезоната што го одигра парма на 6.мај, Пандев го пропушти проади повреда.

Италијанските медиуми, во четвртокот, објавија дека 38-годишниот Пандев е во дилема дали да си ја продолжи кариерата за уште една сезона.

Според локалниот „Спорт Парма“, големи се шансите Пандев да го одложи пензионирањето доколку добие добра понуда.

Scroll to Top