Top Sport

„Милионерите“ подготвиле понуда за Алер

Карим Адејеми е напаѓачот кој ќе го заземе местото на Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд. „Милионерите“, експресно реагираа на пазарот, откако Халанд го договори трансферот во Манчестер сити.

„Шпигел“ пишува дека клубот од Дортмунд, нема да застане на младиот германски репрезентативец, туку дека ќе донесе уште еден напаѓач. Според овој извор челниците на Борусија сериозно напредувале во преговорите со Ајакс за Себастијан Алер.

Напаѓачот на Ајкас оваа сезона во Лигата на шампионите постигна 11 гола, поефикасни од него се само Роберт Левандовски и Карим Бензема.

Борусија за францускиот напаѓач треба да плати 35.000.000 евра.

За се ослободи простор во буџетот за плати, Борусија ќе мора да се раздели со неколку фудбалери.

„Според Шпигел“, простор за трансферот на Алер ќе се отвори со продажбата на Швајцарскито репрезентативец Мануел Аканџи.

Scroll to Top