Top Sport

Пандев на Инстаграм: Година полна со емоции – време е за ЕВРО2020 со Македонија

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев по синоќешната победа со Џенова кај Болоња од 2-0 и официјално обезбедениот опстанок во Серија А се огласи на социјалните мрежи.

Тој им се заблaгодари на навивачите, но и на сите во клубот од југот на Италија за годината полна со емоции.

„Година полна со емоции за сите во Џенова, и за мене. Опстанок, 100 погодока во Серија А, 150 настапи во Серија А во дресот на најстариот клуб во Италија. Би сакал да можев да прославам со вас фановите, но и без тоа, сакам да ви се заблагодарам за поддршката. Сакам да му се заблагодарам на клубот, на соиграчите и целиот персонал. Сега фокусот е кон финишот од сезоната, а потоа е време за ЕВРО 2020 со Македонија. Форца Џенова, се надевам дека во брзо време ќе можам да ве поздравам како што доликува, сите на стадион“ – напиша Пандев.

Scroll to Top