Top Sport

Пандев одигра половина час за Парма во триумфот над Виченца

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев одигра половина час на денешниот натпревар на Парма во Серија Б. Тимот на Парма славеше на гости против Виченца со 0:1, а Пандев се врати во тимот откако ја надмина повредата на мукулот.

Парма во моментот се наоѓа на 12. позиција на табелата, но се надева дека со добри игри ќе успее да стигне до место во плеј-офот за враќање во Серија А. Токму затоа и го ангажираше Горан Пандев како големо засилување во зимскиот преоден рок.

Scroll to Top