Top Sport

Пандев: Партнерството со Брера ќе ми помогне Академија Пандев да стане македонски шампион

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев влезе во партнерски однос со раководството на Брера, аматерскиот клуб од Микано, и верува дека тоа може да у помогне да стигне до шампионска титула во првенството на Македонија.

„Многу брзо откако Брера ме контактираше за Академија Пандев, јас реков „да“. Тоа е фасцинантен проект од две причини. Прво затоа што Милано е градот кој ме прими како дете и сега чувствувам дека нешто му враќам. Второ затоа што Брера ќе ми помогне да го остварам сонот, да бидам македонски првак и да играме групи во Лига Европа“, изјави Пандев за италијанските медиуми.

Академија Пандев не го стартуваше најдобро првенството, поради тоа се раздели со тренерот Ѓорѓе Стојчев, а и по враќањето на Александар Васоски на клупата, тимот забележа два порази. Најновиот се случи вчера на домашен терен, од Македонија ЃП (0:1).

Scroll to Top