Top Sport

Силјановски: Брегалница извлече поуки од поразот во Прилеп

Скопје и Брегалница денеска (15 часот) го играат последниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига. Еден од најдобрите фудбалери на стартот од сезоната, фудбалерот од средниот ред Горан Силјановски е убеден дека се извлечени поуки од Прилеп и тимот максимално сериозно ќе одигра со желба за позитивен резултат.

„По поразот од Победа, се вративме со убедлива победа против Слога во Купот на Македонија. Средбите со Победа и Слога се веќе минато, но мора да нагласиме дека извлековме поука од Прилеп затоа што е јасно дека во лигата нема лесни и тешки противници. Знаеме дека не чека тежок натпревар и во Скопје и мора да бидеме максимално фокусирани со 100% на терен. Во секој случај, од сите досегашни натпревари на стартот од сезоната, од нашите изданија и одност, сигурен сум дека сме на вистинскиот пат, верувајќи дека посветено можеме да дојдеме до зацртаните цели за оваа година“, вели Силјановски.

Скопје има само еден триумф во шест натпревари и се надева дека денеска може да дојде до нови бодови.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top