Трнерот на Џенова, Аурелио Андреацоли признава дека неговиот тим „се загубил“ при 4:0 поразот од Лацио на „Олимпико“ во неделата, зголемувајќи го притисокот додека италијанските медиуми ги „редат“ можните тренери како негов наследник.
„Секако, денеска заслуживме да загубиме. Тие доминираа во секој поглед – карактер, посед на топка, организација… Можевме повеќе, но не го направивме тоа. Малку се загубивме и за тоа морам јас да ја преземам одговорноста, а не момците на теренот“, изјави Андреацоли.
Џенова има три порази и едно реми во последните четири натпревари и се наоѓа на 18. место во Серија А со само пет гола, по што „Скај спорт Италија“ тврди дека веќе почнале преговори со поранешниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо.