Top Sport

Пандев со гол и асистенција му „пресуди“ на Јуве – нема непоразена сезона (видео)

Горан Пандев постигна гол, а Џенова со 2:0 го победи Јувентус, нанесувајќи му го на италијанскиот шампион првиот пораз во Серија А оваа сезона.

На „Луиџи Ферарис“, Масимилијано Алегри пристигна без Кристијано Роналдо, давајќи му шанса на Португалецот да се одмори по хет-трикот против Атлетико Мадрид во ЛШ, предизвикувајќи дел од навивачите да побараат да ги вратат билетите од мечот.

Меѓутоа, навивачите на Грифоне кои беа на стадионот не зажалија. Тренерот на Џенова, Чезаре Прандели во 60-тата минута реши да му даде шанса на Пандев и не зажали. Македонскиот капитен прво во 72. минута му асистираше на Стефано Стураро за 1:0, а потоа во 81. минута, Пандев со убав гол од контра-напад ги постави конечните 2:0.

Ова е прв пораз на Јуве во Серија А оваа сезона, но „бјанконерите“ остануваат убедливи лидери со 75 поени пред Наполи со 57 (и натпревар помалку). Џенова полека излегува од опасната зона на табелата и сега е 12. со 33 поени.

Не игра Роналдо? Вратете ни ги парите!

Scroll to Top