Top Sport

Солари: Одлуката да не игра Иско е „спортска“

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, проговорил за својата одлука да го остави Иско на трибините, на синоќешниот натпревар во Рим, против Рома во Лигата на шампионите.

Шпанските медиуми редовно коментираат дека Иско е незадоволен од статусот што го има кај Солари и дека ќе побара да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок.

Наводно играчот поради недисциплина не бил во протоколот за натпреварот со Рома, кој му припадна на Реал (2:0). Предност да бидат на клупата за резерви во однос на Иско добија младите Фелипе Валверде и Винисиус.

„Тоа се потези што ги правиш во одреден момент. Тука сме поради тоа. Оваа одлука беше чисто спортска. Нема ништо повеќе. Нема стартери и резерви во фудбалот. Од играчите зависи дали ќе бидат на 100 отсто кога тренерите ќе ги изберат“, рекол Солари.

Инаку, Иско кој кај Хулен Лопетеги беше проектиран како главен играч, по операцијата на слепото црево, од Солари досега добил само 78 минути. Поради тоа тој најавил дека ќе замине, а интерес за него покажуваат Манчестер сити, Ливерпул и Челси.

Откупната клаузула во договорот на Иско изнесува 900 милиони евра.

Scroll to Top