Top Sport

Пандевци против Вардар, лесна задача за Шкендија

Попладнево во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беа извлечени осмина-финалните двојки во Купот на Македонија. Од оваа фаза во оваа натпреварување се приклучија екипите на Академија Пандев, Струга, Шкендија и Брегалница.

Ждрепката во ФФМ донесе неколку интересни двојки. Академија Пандев ќе игра против Вардар, Брегалница против Беласица, Струга против Работнички. Во оваа фаза се игра само по еден натпревар.

Комплетни двојки:

А. Пандев – Вардар
Македонија ЃП – Каменица Саса
Шкендија – Гостивар
Шкупи – Кит Го
Кожуф – Силекс
Струга ТЛ – Работнички
Брегалница – Беласица
Ренова – Пелистер
Натпреварите се играат на 21.10.2020

Scroll to Top