Top Sport

Паника во Сити, Де Брујне е повреден

Манчестер Сити ќе му гостува на Реал Мадрид во Мадрид на 9 мај во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Атмосферата во клубот, кој од вчера повторно е прв во Премиер лигата, ја наруши повредата на Кевин Де Брујне.

Белгицот, неодамна блескаше во дербито на сезоната против Арсенал. Тој постигна гол и имаше една асистенција пред да побара замена во 80.минута.

Вчера против Фулам, тој не играше, а менаџерот на тимот Пеп Гвардиола изјави дека не белгискиот фудбалер „има повреда поради која не е подготвен да игра“.

На прашањето кога Де Бруин треба да се врати на теренот, Гвардиола одговори дека не знае.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');