Top Sport

Станковиќ си поднесе оставка, клубот се уште не ја прифатил

Тренерот на Сампдорија, Дејан Станковиќ, поднесе оставка по дебаклот против Фиорентина (5:0) во 32. коло од Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.
Сампдорија е последна на табелата со само 17 бодови Од наредната сезона клубот ќе игра во Серија Б.

„Ако јас сум проблемот, добро, го прифаќам тос со достоинство и гордост. Дадов се од себе и не се каам. Не ги обвинувајте играчите, јас сум виновен за овие 5:0. Ајде да разговараме за тоа“, рече Станковиќ на прес-конференцијата.

Според информациите, тој во соблекувалната им ја објаснил својата одлука за на играчите, а во текот на денот раководството на клубот треба да се изјасни дали ја прифаќа оставката.

Станковиќ на клупата на италијанскиот тим пристигна во октомври, откако претходно ја напушти Црвена звезда по елиминацијата од Макаби во плеј-офот за Лигата на шампионите. На 26 натпревари на клупата на Сампдорија оствари само четири победи, шест нерешени и 16 порази.

Scroll to Top