Top Sport

ПАО ќе раскинат со Терим, Сантос се враќа во Грција

Раководството на Панатинаикос има намера да го раскине договорот со тренерот Фатих Терим на крајот од сезоната, објавија грчките медиуми.

Веста е придружена со информации дека клупските челници веќе стапиле во контакт со Португалецот Фернандо Сантош, чиј договор со Бешикташ истекува во јуни.

Зелените не се задоволни од работата на Терим. Во декември беше ангажиран откако го замени Иван Јовановиќ кога Панатинаикос беше на второто место во првенството и во борбата за Купот на Грција.

Четири месеци подцна ПАО се наоѓа на четвртото место на табелата и не е во конкуренција за трофејот во Купот на Грција.

Фернандо Сантос, не ги оправда очекувањата на челниците на Бешикташ, но ќе остане на клупата до крајот на сезоната, како што најавуваат турските медиуми.

Грција му е добро позната на Сантос. Беше тренер на АЕК (2004-06), ПАОК (2007-10), во текот на 2009 година го предводеше Панатинаикос на девет натпревари со учинок од шест победи и три порази, потоа стана селектор на Грција (2010-20-14).

Тој ја предводеше Грција на Светското првенство во 2014. Поради исклучувањето на натпреварот против Костарика (3:5), доби забрана за водење на селекцијата на осум натпревари.

По жалбата казната му беше намалена на шест натпревари, но бидејќи му истече договорот со Грците, тој ја одлежа казната како селектор на Португалија, со која го постигна најголемиот успех во кариерата освојувајќи го Европското првенство во 2016 година.

Scroll to Top