Top Sport

Папу Гомез: Ќе умрев кога ми пропадна трансферот во Атлетико

Легендата на Аталанта Алехандро Папу Гомез проговорил за делот од кариерата кога бил пред трансфер во Атлетико Мадрид.

Аргеттинецот во својата земја играл за Арсенал Саранди и Сан Лоренцо, во 2010 година се пресели во Италија. Три години играл во Катанија, а во 2011 година шест месеци соработувал со Диего Симеоне. Гмез 2014 година ја минал во Металист, во Украина, а од 2015 година се пресели во Аталанта каде се стекна со статус на клупска легенда.

Папу Гомез се присетил на еден период од кариерата кога бил играч на катанија.

„Бев во Аргентина и заминав на ручек со Диего Симеоне. Тој ми кажа дека ќе ме земе кај него во Атлетико. Сепак понудата од шест милиони евра не им беше доволна на челниците на катанија, бараа 10 милиони. Така му пропадна тој трансфер. Сакав да умрам“, рекол Гомез.

Папу Гомез сезонава во Серија А има постигнато шест гола и 10 асистенции, а во Лигата на шампионите постигнал еден гол и забележал две асистенции.

Scroll to Top