Top Sport

Индиректно ги обвини Пјаниќ и Манџукиќ за поразот од Реал во 2017 (Видео)

Биографската книга „Јас, Џорџо“ на капитенот на Јувентус Џорџо Кјелини секојдневно предизвикува бурни реакции во италијанската и светската јавност. Откако ги критикуваше Марио Балотели и Фелипе Мело, откако откри дека од дното на душата го мрази Интер, Кјелини пишува и за поразот од Реал во финалето во Лигата на шампионите во 2017 година.

Титулата во Лигата на шампионите е она за што сонува не само Кјелини туку и сите во Јувентус, особено играчите кој години наназад се дел од тимот.

Во финалето во 2017 година, Јувентус на полувремето имаа 1:1, а на крајот Реал ги прегазија и со вкупни 4:1 ја освоија титулата.

Индиректно Кјелини ги обвинува Миралем Пјаниќ и Марио Манџукиќ за поразот во финалето.

„Нема што да се каже за тоа финале. Ништо посебно не се случи на полувремето. Бевме екстремно уморни. Изгубувме пораи премореност. Манџукиќ лежеше на подот, Пјаниќ не можеше да оди. Мислевме дека по 1:1 ќе се вратиме, но во второто полувреме се драматично застана. За нас финалињата секогаш доаѓаат премногу доцна“.

Манџукиќ го постигна единствениот гол на тој натпревар, а многумина се согласни дека одбраната е виновна за поразот, особено партнерот на Кјелини, Леонардо Бонучи.

Кјелини: Мело беше јаболко на раздорот, а Балотели заслужи шлаканица

Scroll to Top