Top Sport

Парагвај е во четвртфинале на Копа Америка – „Ел Матадор“ ја реши Боливија

На крилата на Мигел Алмирон кој забележа гол и асистенција, селекцијата на Парагвај синоќа го совлада составот на Чиле со 2-0 и го потврди учеството во плеј-офот на Копа Америка.

Со втората победа во третото коло Парагвајците стигнаа до место меѓу осумте најдобри од групата А.

Парагвај до водство стигна во 33 минута кога Самудо го материјализираше центаршутот на Алмирон, па го матираше голманот Клаудио Браво.

Сакајќи да ја стигне предноста на противникот, Чиле отворено го започна вториот дел, но во 58 минута „го плати цехот“ за тоа. Алмирон го зголеми водството на 2-0.

До крајот на мечот имаше неколку шанси за промена на резултатот, но мечот заврши 2-0 за Парагвај.

Во вториот синоќешен меч Уругвај предводен од Луис Суарез и Едисон Кавани лесно и рутинирано со 2-0 ја совлада последнопласираната селекција во групата А на Копа Америка – Боливија. Уругвајците конечно се разбудија и заиграа онака како што од нив се очекува.

Првиот гол на мечот беше дело на Боливијците. Стоперот и голманот кумуваа за автогол за својата селекција во 40 минута.

Сите дилеми околу прашањето на победникот ги реши „Ел Матадор“ со погодокот во 79 минута.

Со победата Уругвај обезбеди место во плеј-офот.

Scroll to Top