Шпекулациите во француските и светските медиуми дека егото на Килијан Мбапе нема граници и дека создава проблеми со неговите соиграчи, на некој начин беше потврдено со изјавата на Леандро Паредес по неговото заминување од Франција.
Леандро Паредес, кој во текот на летото го комплетираше трансферот во Јувентус, наводно мотивиран токму од Мбапе кој има „влијание“ во изборот на неговите соиграчи, вели дека немал никаква врска со 23-годишниот Французин.
„Јас не сум човекот кој треба да зборува за него. Имам врска и поврзаност со некои со кои имав односи во тимот, но за тие кои немав контакти и врска, не можам да кажувам ништо“, изјави Паредес за „ЕСПН Аргентина“.