Герет Бејл е уште еден од низата на познати фудбалери кои не платиле данок во Шпанија. Напаѓачот на Реал Мадрид, го прекршил законот, бидејќи во 2013 година, не го пријавил целиот приход остварен од продажбата на фотографиите со неговиот лик.
Бидејќи го прекршил законот, Бејл е казнет парично со 337.000 евра. Велшанецот не платил данок во износ од 200.000 евра, а покрај тоа ќе мора да плати казна од 100.000 евра и камата од 37.000 евра.
„Ел мундо депортиво“, пишува дека случајот на Бејл е е ист како оние на Меси, Роналдо, Модриќ… туку дека се „работи за недоразбирање, а не за намерно даночно затајување“.
Шпанските даночни власти во изминатиот период парично ги казнија Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Лука Модриќ, Фабио Коентрао, Радамел Фалкао, Нејмар, Марсело, Алексис Самчез и Жозе Мурињо.