Барселона има намера парите од трансферот на Усман Дембеле во ПСЖ да ги инвестира во Португалецот од Манчестер сити, Жоао Кансело.
Тренерот на Барса, Чави Ернандез е разочаран од заминувањето на Дембеле и па истакна дека клубот мора да се засили. Како клучна позиција ја истакна позицијата десен бек.
Изборот падна на Кансело, кој вториот дел од минатата сезона го мина на позајмица во во Баерн Минхен.
Кансело наводно веќе ја договорил платата, сега двата клуба треба да го договорат обсештетувањето. Проблем за Барселома може да биде условот што им го постави Ла Лига, дека од заработените пари само 40 отсто можат да инвестираат во нови трансфери.
Шпанските медиуми потсетуваат дека менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола не смета на Португалецот во следната сезона.
Кансело, во Манчестер сити пристигна во 2019 година од Јувентус, а претходно играше за Интер, Валенсија и Бенфика. За Манчестер сити одигра вкупно 154 натпревари и постигна девет гола.
Кансело (29) има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.