Top Sport

Парламентарец пропушти дебата за да биде линиски судија

Додека неговите колеги дебатираа за нов систем за социјална заштита во англискиот Парламент, пратеникот на Конзервативната партија, Даглас Рос се подготвуваше за меч на „Ноу Камп“ во Барселона, фокусирајќи се на тоа дали Лионел Меси и Луис Суарез ќе влезат во офсајд.

Рос, кој беше избран на изборите во јуни, беше критикуван откако се потврди дека ќе го пропушти натпреварот за да биде помошник судија на дуелот на Барселона со Олимпијакос.

При дебатата во Парламентот, пратеникот на Шкотската национална партија (СНП), Џон Мекнели покажа црвен картон на премиерката Тереза Меј и се запраша зошто тој добил дозвола да не биде присутен на дебатата.

„Каква порака праќа ова на тие кои напорно работаат и треба да се појават на своето работно место секој ден или ќе бидат казнети?“, праша Мекнели.

Ова не е првпат Рос да пропушти дебата – лани беше помошник судија на мечот на Реал Мадрид против Спортинг Лисабон.

Scroll to Top