Top Sport

И Милош Раонич ја прекрати сезоната

Милош Раонич имаше фантастичен старт на годината, но финишот воопшто не беше добар – канадскиот тенисер ја прекрати сезоната поради повредата на мускулот на ногата.

Раонич ја започна 2017 како трет тенисер на светот, со наполните 26 години и со големи надежи за големи успеси. Откако се повлече од турнирот во Виена и од Мастерсот во Париз, Раонич ќе ја заврши сезоната предвреме како светски тенисер број 12, а до крајот на сезоната може да испадне и од топ 20.

Раонич годината ја почна повреда на бутниот мускул и се врати на турнејата на малиот турнир во Делреј Бич, каде што стигна до финалето, но се повлече пред мечот поради повредата. Тој се обиде да игра во Мајами, но се повлече пред својот меч. Сезоната на земја беше малку подобра – пет настапи на турнири и четврто коло на Ролан Гарос, но потоа почнаа проблемите со новата повреда.

Тој е уште еден во низата на повредени тенисери оваа сезона – која предвреме ја завршија Енди Мареј, Новак Ѓоковиќ, Стен Вавринка и Кеи Нишикори.

Scroll to Top