Top Sport

Парма му посака добредојде на „моќниот Македонец“ Горан Пандев

Парма го потврди изненадувачкиот трансфер на македонскиот поранешен капитен Горан Пандев од Џенова, со порака на социјалните мрежи дека се засилува со „моќниот Македонец“.

Македонската фудбалска легенда ја продолжува својата повеќедецениска улога во италијанскиот фудбал во легендарниот клуб, кој иако е во втората италијанска лига (Серија Б), зад себе има армија фанови, а на својот гол има уште еден легендарен ветеран, голманот Џиџи Буфон.

Прв италијански клуб на Пандев, секако, беше Интер, за кого потпиша како тинејџер од Беласица во 2001 година. Во првите три години тој беше пуштан на позајмица во Специја и во Анкона, пред во 2004 година да го направи трансферот во Лацио. Интер го вратија во 2009 година, по што во 2011 беше дел од славната генерација која ја освои „триплетата“, тројната титула од ЛШ, Серија А и Копа Италија под Жозе Мурињо. Од 2011 до 2014 година тој играше во Наполи, а по краткиот престој во Галатасарај, од 2015 година беше во дресот на Џенова.

Пандев со изненадувачки трансфер во Парма кај Џиџи Буфон!

Scroll to Top