Италијанскиот прволигаш Парма им нуди на своите навивачи уникатна можност да влезат во турнир на играње „лист-камен-ножички“ со нивните фудбалери, каде што главен противник и апсолутен шампион е ветеранот Џанлуиџи Буфон.
Видео-снимката на која Буфон ги победува сите соиграчи од Парма се појави пред неколку месеци, во која голманот покажа дека е шампион во повеќе од еден „спорт“.
Фановите ќе можат да побараат да учествуваат во играта (сите средства одат во добротворни цели), за на крајот да го посетат тренинг-центарот на клубот во Колекио, каде што ќе предизвикаат шест фудбалери. Последниот шеф е Буфон.
Gianluigi Buffon: great at goalkeeping, even better at rock, paper, scissors? ? pic.twitter.com/L5DHna2NZb
— Football on BT Sport (@btsportfootball) September 30, 2021
Fancy taking on the six Crociati pictured below in a game of Chinese Mora? ?️?
Make a bid ? https://t.co/drt3UyomT9
More info ? https://t.co/71ELEJYhFI#ForzaParma #CrociatiAdvent pic.twitter.com/OgqWDfCjH3— Parma Calcio 1913 (@ParmaCalcio_en) December 23, 2021