Top Sport

Партизан ја доби битката со Баерн, Басконија го тресна „кралот“

Кошаркарите на Партизан забележаа победа во 16. коло од Евролигата во Штарк Арена против Баерн од 83:77. Партизан од самиот почеток направи серија од 9:0 и беше во постојана предност. До полувремето „црно-белите“ успеаја да изградат двоцифрена предност и заминаа со водство од 12 поени – 41:29.

Баерн Минхен намали на три поени негатива во последниот период (75:72), но Данте Ексум, кој беше најефикасен во победничкиот тим со 19 поени, веднаш возврати со кош и дополнително слободно фрлање.

Басконија го совлада Реал Мадрид со 92:86. Најефикасен беше Маркус Хауард со 28 поени.

Макаби Тел Авив беше подобар од Анадолу Ефес (80:72). Олимпија Милано славеше над Валенсија со 90:79.

Scroll to Top