Top Sport

Солскјер: Полуфинале не е доволно за Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Норвежанецот Оле Гунар Солскјер се надева дека неговата екипа ќе ја совлада Севилја во полуфиналето на Лига Европа и ќе се најде во битка за трофејот.

„Црвените ѓаволи“ со многу мака, со гол од пенал по продолженија над Копенхаген стигнаа меѓу четирите најдобри екипи во второто по квалитет фудбалско натпреварување.

Јунајтед сезонава веќе двапати играше во полуфинале, во ЕФЛ Купот и во ФА купот.

„Сега сакаме да направиме чекор повеќе. Полуфинале е добар резултат, но не е доволно добар за Манчестер Јунајтед. Тимот напредуваше, играчите се гладни за успех. Се надевам дека болката што ја почувствувавме на претходните два полуфинални меча ќе ни помогне да сториме повеќе. Играчите физички се добро, сега ослучува менталната сила“ рече Солскјер.

Дуелот меѓу Јунајтед и Севилја се игра в недела.

Scroll to Top