Аталанта стигна до убедлива 3:0 победа на гостувањето кај Бреша за да ја прекине лошата низа од четири меча без победа и во исто време на домаќините да им ја зголеми мизеријата со шести пораз едноподруго за да останат заглавени на последното место во Серија А.
Хрватот Марио Пашалиќ постигна два гола, а во финишот на мечот, Словенецот Јосип Иличиќ ја потврди победата, со која Аталанта скокна на шестото место на табелата со 25 поени, колку што имаат и петопласираната Рома и четвртопласираниот Каљари.
Бреша повторно беше без својот контроверзен напаѓач Марио Балотели поради конфликтот со тренерот Гросо.
pasalic goal flick ??? pic.twitter.com/V3pndqkRlL
— atalantackle?? (@atalantagese) November 30, 2019