Top Sport

Пато си замина од Кина

Бразилскиот ас Александре Пато си замина од кинескиот тим Тијанџин Тијанхаи, потврди поранешниот напаѓач на Милан на социјалните мрежи. Пато, кој дојде во Кина од Вилјареал пред три години, сега најверојатно се враќа во татковината.

„Би сакал да ве информирам дека мојата авантура во Кина заврши. Овие две години беа полни со одлични моменти и искуства и Кина ми помогна да пораснам како човек и научив многу за оваа голема култура и земја. Би сакал да се заблагодарам на мојот клуб, моите сиграчи и сите во клубот, како на и луѓето на Кина кои ги сретнав овие две години“, вели 29-годишниот Пато.

Пато дојде во Тијанџин Кванџијан кога тимот влезе во кинеската Суперлига на крајот на 2016, и со 15 гола во првата сезона беше клучен човек во топ 3 пласманот во првата сезона. Со ова Тијанџин првпат во историјата играше во Азиската Лига на шампиони, каде што стигнаа до четврт-финалето и загубија од подоцнежните шампиони Кашима Антлерс.

Втората сезона не помина најдобро, откако тимот ја заврши на осмото место, а сопственикот на клубот Шу Јухуи беше уапсен поради корупција и го предаде клубот на фудбалската федерација на провинцијата Тијанџин, која го преименува клубот во Тијанџин Тијанхаи и го ограничи буџетот на клубот.

 

View this post on Instagram

 

Hi guys, I‘d like to inform you that my adventure in China has come to an end. These 2 years in China were full of happy moments and new experiences. I am quite sure that China made me grow up as a man, I learnt different culture and habits of this great country. I’m proud for sharing my love for football, for giving my contribution to Chinese football and for helping the team with my goals to reach the Asian Champions League for the first time in club’s history and to win against many strong opponents. I would like to thank my club, my teammates, coaches, all the working people in the club, my fans who always supported me with love and all the nice Chinese people I met during these 2 years in China. 谢谢 China, I will be forever grateful to you. Love, Pato

A post shared by Pato ♛ (@pato) on

Scroll to Top