Top Sport

Вориорс доминираа против Оклахома, обезбедија плеј-оф! (видео)

Голден Стејт вориорс стигнаа до својата 25-та победа во последните 26 меча за да обезбедат место во плеј-офот, откако Стеф Кари постигна 33 поени за двократните НБА шампиони со 110:88 да ги „уништат“ Оклахома Сити тандер.

Клеј Томпсон имаше 23 поени, а Демаркус Казинс додаде 12 поени и 8 скока за Вориорс, кои повторно влегуваат во пост-сезоната како први фаворити за титулата.

„Ја наметнавме нашата волја над противникот. Беше солидна партија од сите нас, посебно бидејќи ако им дадеш простор во нивната арена, тие ќе те казнат“, вели Кари.

Фановите на Тандер не добија шанса да го исвиркаат својот поранешен играч Кевин Дурент, кој не играше поради повреда. Расел Вестбрук, кој беше казнет оваа недела поради пресметка со навивачите на Јута, имаше само седум поени и 2-од-16 од поле, а Пол Џорџ беше најдобар со 29 поени и 13 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Њу Орлеанс – Феникс 136:138 ОТ

Вашингтон – Мемфис 135:128

Далас – Кливленд 121:116

Оклахома сити – Голден Стејт 88:110

Сан Антонио – Портланд 108:103

Денвер – Индијана 102:100

Јута – Бруклин 114:98

Scroll to Top