Откако во јули потврди дека става крај на фудбалската кариера, Патрис Евра почна со работа во Манчестер јунајтед во обид да ги комплетира тренерските лиценци.
38-годишниот поранешен дефанзивец последен пат играше за Вест хем во 2017/18, и сега е подготвен за нов период во својата кариера.
„Не можам да го опишам чувството. Самото тоа што носам тренерки како тренер ме прави најсреќен човек. Благодарам на Манчестер јунајтед за оваа помош“, напиша Евра на Инстаграм.
Евра во вториот дел од својата кариера стана попознат по неговите бизарни објави на Инстаграм. Во текот на 20-годишната кариера тој играше за Јунајтед, Јувентус, Монако, Ница и Марсеј, а во кариерата има 21 освоен трофеј, вклучувајќи пет титули од Премиер лигата и една од ЛШ со Јунајтед.