Top Sport

Пау Торес: Ливерпул се фаворити, но фаворити беа и Јуве и Баерн

Дефанзивецот на Вилјареал, Пау Торес го предупреди неговиот тим дека полуфиналето од Лигата на шампионите против Ливерпул ќе биде вистински тест, но додаде дека „жолтата подморница“ веќе се справи со таканаречените „големи лубови“ како Јувентус и Баерн Минхен.

„Секако, немаме што да загубиме, сосема спротивно. Ќе биде помало изненадување, бидејќи ги елиминиравме Јуве и Баерн, така што Ливерпул ќе бидат малку поскромни од Баерн и подобро ќе се подгтоват за нас. Тие се јасни фаворити во дуелот. Мораме да знаеме против кого играме и океј е да се признае дека се фаворити. Но, фаворити беа и Јуве и Баерн. Можеби ги имаат најдобрите играчи на светот и само што лесно ги победија Манчестер јунаитед и Манчестер сити. Но, добро се адаптиравме на играње со големи екипи“, вели Торес за „АС“.

Торес подолго време е поврзуван со можен трансфер во Манчестер јунајтед, но инсистира дека е фокусиран на својот клуб.

„Имам договор со мојот роден град кој ми дозволува да искусам нешто посебно како полуфинале од Лигата на шампионите. Секој би посакал таква можност со клубот кој го сака и имам среќа што тоа ми се оствари“, додава Торес.

Scroll to Top