Италијанскиот калчолигаш Рома се вклучи во трката за Пауло Дибала кој ова лето ќе го напушти Јувентус како слободен агент. Португалскиот стратег Жозе Мурињо е подготвен да му даде плата од 8 милиони евра по сезона. Тоа е повеќе од понудата на Интер, а исто така му одговара на Аргентинецот и од други причини.
Мурињо го гледа Дибала заедно со Абрахам во нападот на „волчицата“ следната сезона, а планот е да се продаде Николо Заниоло за кого е одредена отштета од 50 милиони евра.
Италијанските медуми тврдат дека Дибала имал разговор со Мурињо и му ветил дека ќе дојде во Рим, што реално може да се случи. Од друга страна, тој им вети и на навивачите на Јувентус дека нема да ги засили редовите на најголемиот ривал Интер.