Top Sport

Пауло Фонсека пред потпис со Њукасл

Поранешниот тренер на Рома, Пауло Фонсека е најголемиот фаворит да седне на клупата на официјално најбогатиот клуб на светот, Њукасл јунајтед, тврдат англиските и шпанските медиуми.

Стив Брус веќе се договори за раскин на договорот со Њукасл, откако тие се на претпоследното место на табелата во Премиерлигата со најмногу примени голови во лигата. Според „Гардијан“, новиот директор и малцински акционер, Аманда Стевели, го преферира Фонсека поради еговиот стил на игра, откако се докажа како тренер на Порто, Шахтјор Доњецк и Рома, каде што помина само две сезони пред да биде заменет со Жозе Мурињо.

Тотенхем се обидоа ова лето да го донесат Фонсека, но договорот се „распадна“ во последен момент и тој е без ангажман.

Scroll to Top