Top Sport

Мурињо досега никогаш не примил шест гола: Вината е само моја

Во својот 1.008 меч како менаџер, Жозе Мурињо ја доживеа својата најголема катастрофа, примајќи шест гола првпат во кариерата, откако Рома несфатливо загуби од норвешиот Бодо/Глимт со 6:1.

Ова не е најтешкиот европски пораз за Рома во историјата, бидејќи загубија со 7:1 од Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, но 400-те фанови на Рома кои отпатуваа далеку на северот на Норвешка, не очекуваа тим од калибарот на Бодо/Глимт да направи ваква сензација. Мурињо не сакаше да бара изговори.

„Одговорноста е целосно моја, бидејќи јас решив да играм со овој состав. Го направив тоа со добри намери, да дадам шанса на тие кои работат напорно, но немаат многу минути. На вештачки терен и со оваа клима, решив да одморам доста од нив и загубивме од тим кој беше поквалитетен од нас. Мој тим не примил шест гола досега? Да, но не е важно што јас мислам. Повеќе ми е грижа за момците“, изјави Мурињо.

Европска катастрофа за Рома на Мурињо, Тотенхем загуби во Холандија

Scroll to Top