Top Sport

Пауза од две недели за Луис Суарез

Луис Суарез, напаѓачот на Барселона, поради повреда на глуждот ќе биде отсутен од тимот 10 до 15 дена. Уругваецот се повреди синоќа во победата над Бетис 4:1. Суарез постигна еден гол и му асистираше на Меси за вториот гол.

Луис Суарез постигна прекрасен гол против Бетис, но поради повредата предвреме го заврши натпреварот.

Од клубот, соопштија дека повредата е сериозна и дека тој ќе мора да мирува околу две недели.
По оваа дијагноза сите во клубот можат да здивнат, бидејќи Уругваецот ќе биде подготвен за пресметката со Манчестер Јунајтед во четврт-финалето, во Лигата на шампионите, на 10 април.

Луис Суарес синоќа го постигна 18 гол сезонава во Ла Лига. Исто така тој го израмни рекордот на Диего Форлан, кој претходно беше Уругваец со најмногу постигнати голови во Ла Лига (128).

Scroll to Top