Поранешниот технички директор на Баерн, а сега спортски директор на Штутгарт, Михаел Решке, проговорил за статусот што во клубот го има францускиот репрезентативец Бенжамен Павар. Тој за германските медиуми изјавил дека иднината на десниот бек е поврзана со Штутгарт.
Павар одигра брилијантно на Светското првенство во Русија и со Франција ја освои титулата. Неговите настапи го привлекоа вниманието на Баерн и Тотенхем, а тренерот на клубот од Минхем, Нико Ковач, дури и рекол дека би сакал да го имаа во својот тим 22-годишниот десен бек.
„Бенжамен е играч за големи екипи, тоа е сигурно. Меѓутоа уште една сезона во Штутгарт ќе биде добра за него, бидејќи тука може да созрева како играч. Фактот дека порано се врати од одморот зборува дека тој е среќен овде“, рекол Решке.
Павар кариерата ја започнал во Лил, а од пред две сезони е во Штутгарт.
Неговиот гол против Аргентина, во осмина-финалето на СП е прогласен за најубав гол на шампионатот.
???OFFICIAL: @BenPavard28‘s stunning goal for @FrenchTeam v Argentina has been chosen as the @Hyundai_Global #WorldCup Goal of the Tournament!https://t.co/U0WEmz7dOM pic.twitter.com/BnsbNWoCKI
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 25, 2018