Top Sport

Тадиќ: Не знам дали ќе останам во Ајкас

Фудбалерот на Ајакс, Душан Тадиќ е е сигурен дали и наредната сезона ќе го носи дресот на славниот клуб од Амстердам. Српскиот репрезентативец игра извонредно, на 48 натпревари сезонава има забележано 32 гола и 18 асистенции.

„Голема чест и задоволство ми претставува што сум дел од Ајакс. Фудбалот е непредвидлив и поради тоа не можам да ветам дека ќе останам. Навистина не знам, иако ми е преубаво овде“, рекол Тадиќ.

Ајакс, утре гостува во Торино, кај Јувентус, во четврт-финалниот реванш во Лигата на шампионите. Првиот меч заврши без победник 1:1.

„Ние секогаш ја следиме истата филозофија, што значи дека исто играме и дома и во гости. Секогаш одиме на победа“, рекол Тадиќ.

Scroll to Top