Бенжаман Павар е еден од фудбалерите што со она што го покажа на Светското првенство, го привлече вниманието на големите европски тимови.
Павар, има 22 години и игра во Бундес лигата, во екипата на Штутгарт. Германските медиуми веднаш по завршувањето на Светското првенство го „преселија“ во славниот баварски клуб, Баерн Минхен.
Споменува сума од околу 40 милиони евра и дека клубовите се договориле тој од наредната сезона да пристигне во Минхен.
Меѓутоа тие шпекулации се невистинити, како што рекол и фудбалерот.
„Ништо не сум потпишал. Вие новинарите објавивте дека сум потпишал договор со Баерн“, рекол Павар.
„Јас сум во Штитгарт, тука се чувствувам добро. Планот ми е да останам во германија уште една година. Играм во голем клуб, кој има фантастични навивачи. Овој клуб е како едно големо семејство“, дополнил десниот бек.
Бенжаман Павар има договор со Штутгарт до јуни 2021 година.