Фудбалската асоцијација (ФА) го казни Жозе Мурињо со еден меч надвор од клупата на Манчестер јунајтед, откако тој беше „фатен“ како пцуе на португалски по драматичната 3:2 победа над Њукасл овој месец.
Ова значи дека Португалецот нема да биде на клупата за дербито со неговиот поранешен клуб Челси, веќе во сабота.
Јунајтед на натпреварот со Њукасл губеше со 0:2 на полувреме, и по пресвртот, Мурињо ги загуби нервите и упати доста грди зборови: „fodas filhos de puta”, што на португалски би се превело „Ебете се, курвини синови“.
BREAKING: José Mourinho has been charged following Manchester United’s game against Newcastle United on 6 October 2018. pic.twitter.com/r6rQosYa2w
— Sky Sports News (@SkySportsNews) October 16, 2018