Top Sport

Заврши низата без пораз! Ерменија не победи со превисоки 4:0 (видео)

По 16 месеци, македонската фудбалска репрезентација е поразена, откако на гостувањето во Ереван кај Ерменија, доживеа 3:0 пораз, прв во новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нации.

Поразот не менува многу за момците на селекторот Ангеловски, бидејќи Македонија останува прва на табелата, со претстојни мечеви во ноември против аутсајдерите Гибралтар (дома) и Лихтенштајн (гости) и големи шанси да ја продолжиме борбата за пласман на Евро 2020.

Ерменците влегоа со пет нови фудбалери и желба за победа по понижувачкиот домашен пораз од Гибралтар, за да бркаат победа пред неколкуте илјади свои гласни навивачи.

Темпото на мечот беше одлучено во 12. минута, кога Марко Пицели, натурализиран Бразилец во ерменскиот дрес од далеку успеа да го совлада Столе Димитриевски и со тоа ја стави Македонија во положба да брка резултат во незгодна борба.

Клучниот момент се случи во 12. минута кога ерменскиот Бразилец, Марко Пицели упати незгоден удар, на кој Столе Димитриевски лошо реагираше и домаќините дојдоа до водство.

Влегувањето во игра на Илија Несторовски по час игра требаше да ја зголеми иницијативата пред ерменскиот гол, но тоа беше казнето во 76. минута кога Мовсисјан зголеми на 2:0. На 3:0 зголеми Газарјан во 78. минута по нова лоша проценка на нашиот голман, додека во самиот финиш на натпреварот, најпознатиот ерменски фудбалер, Хенрик Мхитарјан ни го даде и четвртиот гол, за превисок пораз во однос на играта на теренот.

Македонија останува прва во групата 4 во Лига Д со 9 поени, три повеќе од Ерменија по четири кола, додека Лихтенштајн и Гибралтар имаат по три поени. Со ова се останува на патот кон промоција во Лига Ц и евентуален пласман на Евро 2020, уникатна шанса за генерацијата.

Фото: Спутник.ам

Scroll to Top