Top Sport

Педри донесе триумф за Барселона

Барселона стигна до минимална победа (1:0) над Хетафе и се зацврсти на врвот на табелата во Ла Лига. Сега каталонскиот клуб има 44 бода како лидер во поредокот, шест повеќе од второпласираниот Реал Мадрид кој вечерва гостува кај Атлетик Билбао.

Во отсуство на суспендираниот Роберт Левандовски, во улога на стрелец на единствениот гол се најде Педри. Тој успеа да ја погоди противничката мрежа во 35.минута од дуелот.

Scroll to Top