Шпанија не успеа да се пласира во финалето на Европското првенство. Шпанците, во полу-финалето, по изведувањето на пенали испаднаа од Италија. Првенството кај „црвената фурија“ го обележаа Дани Олмо и особено Педри.
Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, по мечот не го криеше воодушевувањето, од начинот на кој тинејџерот на Барселона одигра на турнирот.
„Дани Олмо играше неверојатно, но дали забележавте каков турнир одигра 18-годишното момче со име Педри? Така не играше ниту Андрес Иниеста. Не сум видел никој на негова возраст од 18 години на таков начин да игра на европско и светско првенство или на олимписки игри. Тоа е надвор од секоја логика“, рекол Луис Енрике.
Регуларниот дел од натпреварот Педри го заврши со 100 отсто точни додавања, на крајот згреши два пати, имаше 65 точни додавања од 67 обиди.
Според „Трансфермарк“, Педи во моментов е најскапиот тинејџер во светот на фудбалот. Неговата вредност се проценува на 70 милиони евра.
Here's my Pedri thread. This lad deserves all the appreciation in the world. #EURO2020 pic.twitter.com/Z7je67Lv4W
— Mehedi Hassan (@MHassanFootball) July 6, 2021