Искусниот шпански фудбалер Педро донел одлука околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Педро ова лето ќе се стекне со статус на слободен играч и без обесштетување ќе може да го напушти Челси.
„Педро кариерата ќе ја родолжи во Рома, во италијанската Серија А“, тврди „АС“.
Шпанецот во изминатиов период се поврзуваше со неколку екипи: Севилја, Валенсија, Бетис и Јувентус, на крајот тој решил да ја прифати понудата на Рома.
Педро пет сезони настапуваше за Челси. За „сините“ има одиграно 201 натпревар постигнал 43 гола и освоил две титули во Премиерлигата.
Рома ќе биде третиот клуб во неговата кариера. Пред да се пресели во Челси играше во Барселона.