Крилото на Лацио, Педро ќе мора лично да исплати сума од речиси милион евра на својот поранешен клуб Рома, доколку се согласи на продолжување на договорот со лутиот римски ривал, тврди весникот „Ил месаџеро“.
35-годишниот ветеран стана првиот фудбалер кој директно преминал од Рома во Лацио по голманот Астутило Маљољо во 1985 година, откако не беше во плановите на Жозе Мурињо кога Португалецот стана тренер на Рома. Според весникот, во договорот на Педро има клаузула со која тој ќе треба да плати лично на „волчицата“ доколку остане повеќе од две години со Лацио.
Се верува дека иднината на Педро ќе зависи од тоа дали Лацио ќе се квалификува за Лигата на шампиони, поради висината на неговата плата. Лацио во моментов се на второто место на табелата, со пет поени пред градскиот ривал Рома, кои се на петтото место.
Lazio, nel contratto di Pedro c'è un bonus pro-Roma: col rinnovo, 1 milione ai giallorossi https://t.co/c3LLVR4wDm
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) April 5, 2023