Шпанскиот ветеран Педро Родригез, како што се очекуваше, потпиша договор со Рома до 2023 година. Педро доаѓа во италијанската престолнина од Челси како слободен играч откако му истече договорот.
„Многу сум среќен што сум дел од овој тим. Ова е огромен нов предизвик за мене и сакам да се натпреварувам за остварување на целите со новиот тим. Пречекот на навивачите беше фантастичен и ќе дадам сè од себе да ги направам горди, вели Педро.
Спортскиот директор Гвидо Фиенга вели дека е чест да се има поранешниот фудбалер на Барса во тимот.
„Вистинска привилегија е да се има фудбалер како Педро во секој тим. Веруваме дека со него нашиот тим ќе биде посилен“, вели Фиенга.
Педро беше дел од шпанската репрезентација која го освои Светското првенство во 2010 и Европското првенство во 2012 и имаше 65 настапи и 17 гола за „фуријата“.
? Benvenuto all’#ASRoma, @_Pedro17_ ? pic.twitter.com/91gbuKreHD
— AS Roma (@OfficialASRoma) August 25, 2020