Милан имале пеколен план како да се вратат во светскиот врв. Како што објави „Мундо Депортиво“, групацијата „Елиот“ за тренер го сакаат Пеп Гвардиола, а за спортски директор Марк Овермарс.
Милан во летниот преоден рок беа активни на трансфер-пазарот меѓутоа засилувањата барем досега не ги оправдаа инвестициите. Милан се на 13 место на табелата со три победи во седум кола поради што отказ доби тренерот Марко Џанпаоло.
На местото на Џанпаоло дојде Стефано Пиоли меѓутоа во „Елиот“ сметале дека е потребно големо тренерско име за да се врати клубот во врвот. Тие ни помалку ни повеќе за прв тренер го сакале Пеп Гвардиола, а за спортски директор креаторот на Ајакас, тим што минатата сезона играше полу-финале во Лигата на шампионите, Марк Овермарс.
Проблем за Милан секако ќе претставува фактот што двајцата се врзани со договори за Манчестер сити, односно Ајакс.
Гвардиола има договор со „граѓаните“ до 2021 година, додека Овермарс неодамна ја продолжил соработката со Ајакс до 2024 година.
„Мундо Депортиво“ пишува дека во случај Овермарс да ја прифати понудата тогаш од клубот ќе мора да заминат Паоло Малдини и Звонимир Бобан.