Сезоната 2020/21 беше пријатно изненадување за навивачите на Милан по одличните настапи во Серија А и во Лига Европа, но формата полека падна, и сега пред „росонерите“ се клучни 22 дена во кои ќе треба да одиграат седум многу важни натпревари, меѓу кои двобојот со Манчестер јунајтед во Лига Европа и мечеви против Рома и Наполи во Серија А.
Но, како што велат, јунаците на дела се познаваат.
СЛЕДНИТЕ СЕДУМ МЕЧА НА МИЛАН:
28 февруари, Рома – Милан
3 март, Милан – Удинезе
7 март, Верона – Милан
11 март, Манчестер јунајтед – Милан
14 март, Милан – Наполи
18 март, Милан – Манчестер јунајтед
21 март, Фиорентина – Милан