Top Sport

Руската лизгачка „кралица“ Туктамишева со „жешка“ сесија за „Максим“

Руската „кралица“ во уметничко лизгање, Елизавета Туктамишева доби многу критики, но и пофалби откако реши да се разголи за фото-сесија со магазинот „Максим“, по што доби поддршка од легендарниот тренер Алексеј Мишин, кој посочи дека за нејзиното тело во минатото ќе се „пишувала поезија“.

24-годишната Туктамишева е светски и европски шампион од 2015 година и освојувачка 14 медали на Гран при серијата, а таа година исто така стана првата лизгачка која имала четири тројни скока во кратката програма.

„Телото на Туктамишева ќе ги предизвикаше и најпримитивните мажи. Без сомнеж, во античко време таа ќе инсприрала уметнички дела кои ќе ги гледавме денеска. Лиза е уметност“, вели 79-годишниот Мишин, поранешен тренер на легендарните Алексеј Јагудин и Евгениј Плушенко.

Туктамишева и во минатото предизвикуваше контроверзи со своите премногу „жешки“ програми за гала вечерите на големите натпреварувања, што кај дел од конзервативните љубители на спортот предизвикуваа скандали.

Scroll to Top