Пеколните временски услови Италија би можеле да го одложат стартот на сезоната во Серија А, бидејќи за фудбалерите нема да биде безбедно да играат во такви услови. Ова го изјави претседателот на Лигата, Лоренцо Казини. Првенството обично започнува кон крајот на август или почетокот на септември токму поради климатските услови.
Сепак, оваа година првенството треба да започне на 13 август поради Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи во ноември и декември.
„Нашата прва грижа е климата, бидејќи доколку продолжат сегашните температури ќе биде многу тешко сезоната да започне на 13 август. Ќе биде несекојдневна сезона поради паузата за Светското првенство“, изјави Казини.
Во Италија, како и во многу европски земји, забележани се рекордни температури, има и жртви.